ЕХФ одлучи: Веспрем, Монпелје, Мешков Брест…добија вајлд-карти за ЛШ

Извршниот Комитет на Европската ракометна федерација во текот на вчерашниот ден донесе одлука кои екипи ќе добијат вајлд-карта за Лигата на шампионите, а денеска беше официјализирана таа одлука.

Унгарскиот Веспрем, белорускиот Мешков Брест, украинскиот Мотор Запорожје, францускиот Монпелје, романскиот Динамо Букурешт и норвешкиот Елверум добија вајлд-карти за учество во елитната лига.

Покрај овие шест екипи, директно место во групната фаза обезбедија екипите на Вардар, Загреб, Фленсбург, Кил, Келце, Барселона, ПСЖ, ПИК Сегед, Порто и Алборг.

Шеширите пред ждрепката ќе бидат објавени во текот на утрешниот де, а ждрепката ќе се одржи на 2 јули од 11:00 часот.