ЕХФ најави: Тренерите ќе може да бараат „челинџ“ на судиски одлуки!

Откако во некои спортови одамна е воведен „челинџ“, односно видео проверка на некоја судиска одлука по барање на спортистите, сега тоа ќе биде случај и со ракометот.

Европската ракометна федерација на состанокот на Извршниот Комитет во Стокхолм, донесе одлука дека во европските натпреварувања – Лига на шампиони, Лига на Европа и Европски куп, ќе се имплементира систем „челинџ“.

Тоа ќе биде можно само еднаш во текот на мечот, и судиите ќе ја прегледуваат спорната ситуација на снимка, по што ќе ја потврдат или ќе ја променат својата претходна одлука.

Во најдобар случај, оваа одлука на ЕХФ ќе биде за првпат користена, односно реализирана на завршните турнири во Лигата на шампионите во Будимпешта и Келн оваа сезона.