„ЕХФ мисли само на пари“

Швеѓанецот кој настапува во екипата на Висла Плоцк, Филип Стенмалм ја коментираше одлуката на ЕХФ за продолжување на сезоната во Лигата на шампионите.

Сезонава Висла Плоцк се натпреваруваше во послабите групи во Лигата на шампиони и успеа да обезбеди пласман во осмина финалето каде што треба да се сретне со Веспрем.

„Најголем проблем е што ќе бидеме без натпревари три месеци. Би било добро да се вратиме на терените и да уживаме во ракометот. Сепак оваа одлука ми изгледа неодговорна. Невозможно е да се предвиди како ќе се одвива ситуацијата. Сè се сведува на пари. За ЕХФ Лигата на шампиони е сериозен извор на приходи. Раководството на организацијата ќе се обиде да најде некое решение, дури и тоа да не е најрационалното“, коментираше Стенмалм за сајтото на Висла Плоцк.

Швеѓанецот пристигна во 2019 година, а претходно има  настапувано во повеќе европски првенства, а е дел и од репрезентацијата на Шведска.