ЕХФ Куп: Горење и Кокс се пласираа во следна фаза

Во европските натпреварувања се одиграа голем број на натпревари во ЕХФ купот за мажи и жени и Лига Европа во женска конкуренција. Во женската конкуренција настапија две македонски репрезентативки, Андреа Седлоска и Јована Саздовска.

Во ЕХФ купот за мажи нови победи забележаа екипите на Кокс, Горење, ЧСМ Букурешт и Анортозис и веќе обезбедија пласман во шеснаесетина финалето. Кокс по вторпат триумфираше против Драгунас, исто така и Горење славеше на гостувањето во Италија против Сиена. ЧСМ беше подобар од Слога, како и Анортозис од чешкиот Нове Весли.

Саздовска со Дунареа Браила беше подобра од Виборг со 26:24 во Лига Европа за жени. Победи уште остварија и обезбедија пласман во групната фаза Кастамону, Турингер и Ваци. Турингер после поразот минатиот викенд од Блумберг ја надополни негативата и го елиминираше конкурентот од домашната лига.

Во ЕХФ купот за жени Андреа Седлоска со својата Локомотива Загреб оствари убедлив триумф на гостувањето кај Местрино со 14:30. На утрешниoт натпревар само треба да го потврдат пласманот во групната фаза. Победи уште остварија и Јиликавак, Малага, Истогу, Гран Канарија и Славија Прага.

Eвропски Куп, Мажи, Резултати

Драгунас – Кокс 26:39 (12:17)
Босна Високо – Беса Фамгас 18:36 (10:14)
ЧСМ Букурешт – Слога 31:15 (16:8)
Парнасос – Сасари 29:25 (12:11)
Сиена – Горење 24:29 (13:16)
Анортозис  –  Нове Весели 26:21 (12:12)

Лига Европа, Жени, Резултати

Дунареа Браила – Виборг 26:24 (13:12)
Кастамону – Дебрецин 31:30 (15:14)
Блумберг – Турингер 20:30 (12:15)
Мост – Ваци 41:42 (21:25)

Европски Куп, Жени, Резултати

Измир – Јаликавак 22:31 (12:19)
Малага – Нојштад 31:15 (17:10)
Местрино – Локомотив Загреб 14:30 (7:13)
Берести – Истогу 30:33 (17:18)
Гран Канарија – Колегио де Гаиа  31:16 (14:9)
Славија Прага – Каерјенг 37:21 (21:10)