ЕХФ и ја промени групата на Македонија на младинскиот шампионат!

Машката младинска репрезентација на Македонија ја очекува настап на ЕХФ шампионатот за младинци во Бугарија.

Според ждрепката, Македонија требаше да биде дел од полесната група А, заедно со селекциите на Велика Британија, Израел, Литванија, Луксембург и јужниот сосед.

Со оглед на исклучувањето на Белорусија од турнирот, останаа само 10 селекции, а Македонија го зазема место во првиот шешир на исклучената репрезентација.

Па така нашата репрезентација ќе биде дел од групата Б заедно со Швајцарија, Романија, Украина и Косово.

Победникот на овој ЕХФ шампионат обезбедува место на младинското Светско првенство во 2023 во Германија и Грција, додека второто место носи дополнителни квалификации.

ЕХФ шампионатот во Бугарија ќе се игра од 16 до 24 јули.