ЕХФ и Порто го сменија терминот за дуелот со Вардар

ЕХФ со соработка со домаќинот на натпреварот, екипата на Порто направи измена на саатницата на одигрувањето на натпреварот со Вардар.

Средбата е закажана за 22 февруари 2020 година во Порто. Новата саатница на одигрување на натпреварот е 16:00 часот, а претходно дуелот беше закажан за 19:30 часот.

Тоа е меч од 13. коло во Б групата од Лигата на шампионите. На првиот натпревар одигран во Скопје победи Вардар со 32-27.

Моментно на табелата Порто има 10 бода, еден повеќе од Вардар.