ЕХФ ги промени судиите за реванш средбата меѓу Еурофарм Пелистер 2 и Алпла Хард

Европската ракометна федерација објави дека има промена на судиската двојка за натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер 2 и Алпла Хард.

На средбата меѓу македонскиот и австрискиот тим во првото квалификациско коло од Лигата на Европа, ќе судат Јовиќ и Арнаутовиќ од Босна и Херцеговина.

Претходно беше делегирана судиска двојка од Унгарија – Андорка и Хакер, но тие нема да допатуваат во Битола.

Делегат на натпреварот што ќе се игра на 4 септември од 19:00 часот ќе биде Андреев од Бугарија.

Еурофарм Пелистер 2 има негатива од три гола по првиот натпревар во Австрија, 24-21.