ЕХФ ги потврди шеширите: Македонија нема да игра со Хрватска, Србија, Чешка…

Македонија со триумфот над Турција со 30-27, го освои второто место во групата од квалификациите за ЕП 2024.

Тоа носи место во третиот шешир пред ждрепката за групите на континенталниот собир, на кој ќе играме во јануари следната година.

Од сите шешири ќе добиеме силни ривали, па дури и од четвртиот каде што има неколку незгодни репрезентации.

Ждрепката за групите ќе се одржи од 17:45 часот на 10 мај, а официјалното рангирање денеска го потврди ЕХФ.

Местото во третиот шешир значи дека Македонија нема да игра против Хрватска, Чешка, Полска, Србија и Босна и Херцеговина, а нема ниту против Франција и Шпанија, бидејќи една од овие две селекции ќе биде во групата со „коцкестите“.

Шешири пред ждрепката за ЕП 2024:

шешир 1: Франција, Шпанија, Исланд, Норвешка, Шведска, Данска
шешир 2: Германија, Португалија, Австрија, Словенија, Унгарија, Холандија
шешир 3: Македонија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Чешка, Полска
шешир 4: Швајцарија, Романија, Грција, Црна Гора, Фарски Острови, Грузија