ЕХФ ги објави шеширите, Вардар ќе биде носител во ждрепката од Лигата на шампионите

Екипата на Вардар која и во новата сезона ќе влезе како актуелен освојувач на Лигата на шампионите поради тоа што финалето за сезоната 2019/20, ќе биде носител при ждрепката во новата сезона заедно со тимовите на ПСЖ, Веспрем и Барселона.

Во новата сезона ќе има само две групи од по осум екипи, па затоа ќе има по четири екипи во секој шешир и секој од нив ќе дава по два тима во секоја од групите. Оттаму две екипи од првиот шешир ќе завршат во А, а две во Б групата.

Нема да може да има екипи од иста земја во иста група, па дел од тимовите ќе бидат распоредени според тоа како ќе тече ждрепката. Во вториот шешир се најдоа составите на Кил, Келце, Алборг и Порто. Третиот го сочинуваат Мешков Брест, Мотор Запорожје, Нант и Пик Сегед, додека во четвртиот Целје, ППД Загреб, Елверум и Флензбург.

Тимовите од Германија, Унгарија и Франција нема да можат едни против други во групната фаза, па затоа ќе мора во различни групи, така што ќе има интересна ждрепка.

Терминот во кој е закажана ждрепката за новата сезона е среда, 1 јули од 18 часот.

ЖДРЕПКА ЗА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2020/21

ШЕШИР 1: Вардар (Македонија), ПСЖ (Франција), Веспрем (Унгарија), Барселона (Шпанија).

ШЕШИР 2: Кил (Германија), Келце (Полска), Алборг (Данска), Порто (Португалија).

ШЕШИР 3: Мешков Брест (Белорусија), Мотор Запорожје (Украина), Нант (Франција), Пик Сегед (Унгарија).

ШЕШИР 4: Целје (Словенија), ППД Загреб (Хрватска), Елверум (Норвешка), Флензбург (Германија).