ЕХФ во проблеми: Унгарија се повлекува од организацијата на ЕП, се бара нов домаќин!

Европското првенство во 2024 година во женска конкуренција предвидено е да се одржи во три земји. Домаќините на континенталниот собир треба да бидат Австрија, Швајцарија и Унгарија.

Сепак, се уште ништо не е познато, бидејќи унгарските медиуми пишуваат дека Унгарија може да се повлече од домаќинската улога поради енергетската криза и инфлација.

Австриската и швајцарската федерација веќе се информирани од унгарска страна за можно повлекување од заедничкиот договор, па така Европската ракометна федерација (ЕХФ) ќе мора да бара алтернатива доколку Унгарија се откаже од организацијата на Европското првенство.

,,Унгарските колеги пред неколку дена не информирааа за можното повлекување од организацијата на Европското првенство 2024. Сега заедно со колегите од Швајцарија и ЕХФ разговараме за опциите како да го организираме големиот турнир”, изјави првиот човек на австриската федерација Маркус Пласер.

Францускиот портал ,,Нandnews” пишува дека Романија е подготвена да ја замени Унгарија, иако главното внимание на функционерите од оваа земја е насочено кон Европското првенство во 2026, правото на домаќин кој го доби Русија. Предноста на ко-организирањето на континенталниот собир во 2024 година е тоа што Швајцарија и Австрија ќе ги сносат главните трошоци.

Главниот проблем на Романија е недостатокот на мултинационална арена. Најголемата арена во Романија е арената во Клуж, која има капацитет за 10.000 навивачи.

Континенталниот собир во 2024 година ќе се одржи во периодот од  28 ноември до 15 декември.