Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 лесно ја минаа првата пречка во Купот на Македонија и со убедливиот триумф над прволигашот Шампион од 41:12 обезбедија пласман во осминафиналето од Купот.
Битолскиот тим на натпреварот против Шампион не настапи со неколку стандардни ракометари и шанса за поголема минутажа имаа помладите играчи.
Веќе во воведниот дел ,,фармацевтите” ја запишаа победата кога дојдоа до предност од 11:0 и рутински ја завршија задачата во првото полувреме, кое заврши во нивна корист, 20:6.
До крајот на натпреварот резултатот само се зголемуваше од минута во минута, во полза за домаќинот, за конечни 41:12.
Најефикасни во победничката екипа беа Самоил Ристевски со десет и Христијан Митревски со седум гола, додека три погодоци постигна новиот ракометар, црногорскиот интернационалец Мерис Бошњак. Кај Шампион се истакна Дамјан Миноски со шест погодоци.
Куп на Македонија, елиминации:
Јехона – Бутел Скопје 30-53
Вардар – Мулти Есенс 43-18
Аеродром – Пролет 33:35
Вардар Неготино – Партизан Гевгелија 40-16
Тиквеш – Кичево 46:20
Алкалоид – Астраион 47-15
Јуниор КВ – Драчево 28-23
Прилеп – Металург РА 36-22
Голден Арт – Овче Поле 47:13
Еурофарм Пелистер – Текстилец 45-19
Радовиш – Преспа 34-21
Младост Богданци – Охрид 20-41
Струга – Македонија ЃП 41-32
Еурофарм Пелистер 2 – Шампион 41-12
10.дек 19:30 Скопје – Бисинов
11.дек 17:00 Куманово – Голден Арт 2