Еурофарм Пелистер 2 донесе десно крило – Стоилевски се враќа во Битола

Десното крило Никола Стоилевски по една сезона се враќа во Битола и повторно ќе го облече дресот на Еурофарм Пелистер 2.

Во сезоната што заврши тој беше дел од тимот на Металург 2 и беше меѓу најдобрите во тимот на Игор Котевски.

Ова ќе биде камбек за Стоилевски, со оглед на тоа што пред две години настапуваше за Пелистер откако претходно беше дел од Бутел Скопје.

Тој доаѓа на местото на Никола Димитров, а друштво на десната крилна позиција ќе му прави Димитрија Блажевски, кој може да покрие и на десен бек.

Тимот предводен од Александар Јовиќ ќе биде „нагазна мина“ за сите тимови што ќе гостуваат во Битола.