Еурофарм Пелистер 2 гради квалитетен тим, ги задржува поискусните

Екипата на Еурофарм Пелистер 2 влага сериозно во новата сезона и не ги крие своите амбиции да обезбеди висок пласман во лигата во која ќе биде навистина тешко да се игра. Тоа беше потврдено со денешното објавување на потписите на своите поискусни ракомеари.

Покрај Стефан Дрогришки, нови договори за клубот потпишаа уште двајца ракометари. Верноста кон клубот ја продолжија и Стефан Талевски и Иван Димитровски.

Тие треба да бидат предводници на тимот во кој во новата сезона треба да се вклучат и помлади ракометари.

Се очекува наскоро да биде објавен и стручниот штаб кој ќе ја предводи екипата во новата сезона така што останува да се види дали ќе бидат направени одредени измени и во тренерскиот тим на Еурофарм Пелистер 2.