Дрогришки не ја менува Битола, останува во Еурофарм Пелистер 2

Ракометарот кој беше дел од репрезентацијата на Македонија на Светското првенство во 2017 година, Стефан Дрогришки одлучи да не ја напушта Битола и во новата сезона да остане дел од тимот на Еурофарм Пелистер 2.

Дрогришки минатата сезона играше за овој клуб, но добар дел пропушти поради повредата на рамото. Сега се враќа во ритам и би требало да се стави на располагање за новата сезона.

За Дрогришки, кој во својата кариера играше и за Металург постоеше заинтересираност и од други екипи, но сосема извесно е дека неговата одлука е да продолжи да игра за битолчани и да се обиде да се наметне со игрите и за првиот тим.

Се работи за играч кој има 25 години и кој ќе има што да покаже. Секако со своето искуство ќе биде водач на една млада екипа која се подготвува сезонава од тимот на Еурофарм Пелистер 2.