Еурофарм Пелистер тргна фуриозно, па подзастана, 19 минути немаше примено гол

Екипата на Еурофарм Пелистер ја оправда улогата на фаворит против тимот на Шампион и го совлада со 40:13 во Купот на македонија така што очекувано се пласираше во следната рунда.

Од почетокот на натпреварот домашните доминираа. Цели 19 минути домашните (формално домаќини бидејќи средбата се играше во Битола, но според ждрепката Шампион беше домаќин) не успеаја да дојдат до гол, а резултатот беше 0:12.

Тука дојде до мало опуштање, а шанса за да играат добија и помладите кои се најдоа во составот. Водството продолжи да расте, а во ниту еден момент немаше дилеми дека победата ќе биде изразена со голема разлика.

На полувреме беше 6:21, а потоа во вториот дел разликата стана уште поголема. Конечните 13:40 беа доказ за она што беше направено на теренот.

ШАМПИОН – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР    13:40 (6:21)

Сала: „Боро Чурлевски“ во Битола. Судии: Иван Илиевски и Александар Шуковски. Делегат: Александар Стефановски.

ШАМПИОН: Сотировски, Канг 1, Велјановски 5, Миловановиќ 1, Мирчески 3, Дебрешлиоски 2, Иванов 1, Кочаров.

Седмерци: 1/2, Исклучувања: 4 мин.

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР: Кизиќ, Секељ, Мараш 1, Маџовски 1, Кукуловски 7, Марковски 6, Танкоски, Ристевски 7, Периќ 1, Костески 5, Велковски, Југовски 4, Ризоски 4, Обрадовиќ, Гуцевски 2, Табоада 2.

Седмерци: 1/2, Исклучувања: 4 мин.

Куп на Македонија, елиминациско коло:
*прочитајте го извештајот од секој натпревар со клик на резултатот

Охрид – Преспа 38-21
Металург – Јехона 44-22
Голден Арт – Партизан Гевгелија 41-19
Пролет – Кичево 51-21
Јуниор КВ – Куманово 32-29
Скопје – Текстилец 35-19
Работнички – Драчево 25-30
Македонија Ѓорче Петров – Струга 26-37
Еурофарм Пелистер 2 – Металург РА 38-18
Астраион – Прилеп 25-37
Борец – Тиквеш 26-35
Бутел Скопје – Вардар Неготино 35-25
Шампион – Еурофарм Пелистер 13-40
Аеродром – Младост Богданци 29-24
Алкалоид – Радовиш 39-27