Еурофарм Пелистер тргна со пораз на турнирот во Добој

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер со пораз го започна настапот на ТВ турнирот на шампионите во босанскиот град Добој.

Египетскиот првак Ал Ахли славеше против битолчани со 34-23, откако и на полувремето имаше предност од четири гола, 15-11.

Во вториот натпревар од групата на македонскиот првак, францускиот Монпелје немаше проблеми против Слога Добој и победи со 44-20.

Во првиот меч од групата А, Барса ја надигра Војводина и славеше со десет гола, 39-29, додека допрва ќе играат Загреб и Целје.

Утре Еурофарм Пелистер ќе игра против домаќинот Слога Добој од 15:30 часот.