Еурофарм Пелистер со големо засилување пред двобојот со Вардар! (ФОТО)

Денеска Владата на Република Македонија на новата седница ги потврди вчерашните најави од Министерот за здравство, Венко Филипче и од Комисијата за заразни болести.

На спортските натпревари кои се одиваат во затворен простор ќе биде можно да присуствуваат гледачи, а нивната бројка треба да бие 30% од капацитетот на салата.

Веројатно прв ракометен настан со публика ќе биде завршниот турнир во Купот на Македонија во Автокоманда, додека од лигашките натпревари следува дербито во Битола меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар.

Битолчани најавија веќе продажба на билети за овој натпревар, а публиката односно „Чкембари“, ќе бидат осмиот играч на тимот на Жељко Бабиќ. Вардарци бранат предност од осум гола од Скопје, па ќе видиме како ќе се снајдат пред гледачи во „Боро Чурлевски“.

Капацитетот на оваа сала e околу 3.700 гледачи, а тоа значи дека околу 1.000 гледачи ќе можат да бидат присутни на трибините, а тоа не е занемарлива бројка. Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар се игра на 20 мај.