Еурофарм Пелистер почна со тренинзи: Бабиќ ги поведе момците во новиот лет (ФОТО)

Екипата на Еурофарм Пелистер од денеска стартуваше со тренинзите за новата сезона, а сите ракометари кои се на располагање за шампионатот кој следува од денеска почнаа со работа на отворено.

Сепак, во Битола ќе биде одработен само еден тренинг бидејќи веќе утре тимот заминува за Маврово каде што ќе се продолжи со тренинзи и со подготовките до турнирот во Струга.

Ова ќе биде потешкиот дел од тренизните бидејќи мора да се одработи базичниот дел, но мора да се почитува и протоколот кој строго предвидува како треба да изгледаат тренинзите во овој период.

Затоа, во Маврово ќе се имаат потребните услови, па несомнено е дека битолчани ќе влезат подготвени во сезоната која следува и ќе имаат што да покажат и во СЕХА и во Лигата на Европа.

 

View this post on Instagram

 

Еурофарм Пелистер го одработи, првиот тренинг за престојната сезона! 🍀

A post shared by RK Eurofarm Pelister (@rkeurofarmpelister) on