Еурофарм Пелистер на собир: Бабиќ одржа состанок со ракометарите (ФОТО)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер во понеделник почнуваат со подготовките за новата сезона, но активностите практично почнаа од денеска кога тренерот Жељко Бабиќ одржа состанок и ги имаше сите ракометари на едно место.

Ова беше можност ракометарите да бидат запознаени со плановите за новата сезона и за она што ќе се очекува од нив. Дефинитивно летвичката е крената повисоко така што сега ќе мора да се даде многу повеќе од досега и сите се свесни дека сезонава се очекуваат уште подобри резултати.

Еурофарм Работник на почеток нема да тренира во Битола бидејќи веднаш после собирот се заминува за Маврово каде што од понеделник почнуваат вистинските напори за ракометарите.

 

View this post on Instagram

 

Еурофарм Пелистер официјално ја започнува новата сезона. 🍀

A post shared by RK Eurofarm Pelister (@rkeurofarmpelister) on