Еурофарм Пелистер и Металург утре во борба за Ф4 во Купот на Македонија

Во текот на утрешниот ден ќе бидат одиграни последните финални двобои од четвртфиналните групи во Купот на Македонија.

Eурофарм Пелистер му гостува на Пролет во салата „Македонско Сонце“, а натпреварот ќе започне од 15:00 часот.

Во истиот термин, но во салата „Јане Сандански“, Работнички ќе го пречека составот на Металург.

Од претходно место на завршниот турнир во Купот го обезбедија Вардар со триумфот над Радовиш, како и Бутел по триумфот над Охрид.

Ф4 во оваа конкуренција ќе се одржи од 21 до 23 мај, а местото ќе биде дополнително одредено.