Еурофарм Пелистер и Вардар мислат на меѓусебниот двобој, но мора да одработат уште по една задача

Македонската ракометна јавност, па и балканската, со нетрпение го очекува второто дерби меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар.

Битолчани го дочекуваат овој двобој во победничка атмосфера, формата им оди во нагорна линија, па сигурно Вардар го очекува пекол во „Боро Чурлевски“.

На спротивната страна вардарци мораат побрзо да го заборават поразот од Загреб и лошата серија во ЛШ, да се рестартираат и да се обидат да ја спасат сезоната.

Но иако двете екипи мислат само за нивната меѓусебна пресметка, сепак пред дуелот во Битола имаат да одработат уште по една средба.

Еурофарм Пелистер ќе гостува кај Струга во петок од 17:00 часот, додека Вардар на домашен терен в сабота ќе го пречека Охрид во натпревар од 18::00 часот.

Иако двата тима се фаворити на сите други дуели во елитното друштво, сепак мора да се излезе на терен и да се одработи. Ако некој од суперлигашите биде потценет, таа сметка може да биде скапо платена.