„Еурофарм Пелистер е фаворит, но и ние имаме шанси“

Српскиот тим Партизан денеска со двобојот против Еурофарм Пелистер ќе го започне натпреварувањето во регионалната СЕХА лига во која ќе играат првпат од сезоната 2013/2014.

Тренерот на Партизан, Ненад Максиќ очекува добар настап против македонскиот вицешампион, особено ако неговиот тим ја повтори играта од настапите во Европскиот куп.

„Во сезоната 2013/14, кога Партизан последен пат играше во регионалното натпреварување, јас како играч ги бранев боите на клубот. Задоволство ми е што повторно сум учесник во СЕХА лигата, овојпат како тренер. Од нас секогаш се очекува да одиграме добро и да имаме позитивен резултат, а кога ќе се земе предвид дека толку долго не сме играле во ова натпреварување, сигурно е дека сакаме да одиграме добар натпревар во понеделник. Мислам дека нашите шанси се добри, дека со препознатливата поддршка од трибините ќе прикажеме добра игра и ќе го совладаме Еурофарм Пелистер. Она што ги краси противниците е големиот ростер со добра одбрана, транзиција и напаѓачка игра. Подготвени сме за тоа и се надеваме дека ќе го повториме натпреварот што го одигравме против Баја Маре, рече Максиќ.

Пикерот на Партизан, Иван Мициќ имаше само пофални зборови за ривалот во пресрет на натпреварот.

„Апсолутно сите екипи кои се со нас во групата се квалитетни противници. Пелистер е извонреден тим, вицешампион на Македонија. Улогата на фаворит им припаѓа ним, но се игра на наш терен и ќе дадеме се од себе да се покажеме во најдобро светло. Препознатливи сме по нашата поврзаност со трибините и навивачите, а секој наш меѓународен натпревар носи многу повеќе ентузијазам и борба“, рече Мициќ.

Натпреварот помеѓу Партизан и Еурофарм Пелистер се игра деннеска со почеток од 17:30 часот.