„Еурофарм Пелистер е најстабилниот клуб на Балканот, моите амбиции се исти со клупските“

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер пред стартот на подготвителниот период се засили со неколку ракометари.

Еден од нив е српскиот репрезентативец Урош Борзаш, кој во редовите на битолскиот тим пристигна од норвешкиот вицепрвак Елверум.

Левиот бек во разговор за српскиот портал MozzartSport истакна дека имал непријатни ситуации во Елверум и уште во вториот дел од минатата сезона сакал да ја промени клупската средина

„Челниците од Елверум покажаа незадоволство од моите игри по Светското првенство во Полска. Првиот дел од сезоната според мене го одиграв добро и константно. Тие, од некои свои причини, гледаа поинаку и ја уште тогаш имав можност да заминам. Сепак времето беше многу кратко и не можев да најдам соодветен клуб, па останав до јуни. Не играв до финалето на плеј-офот. Се покажав во добро светло, но за жал не ја освоивме титулата против фаворизираниот Колштад. Кога заврши сезоната се договоривме да ја прекинеме соработката, дојде до взаемно раскинување на договорот и јас завршив во Битола“.

24-годишниот ракометар во Битола се чувствува одлично и се надева дека ќе има доволно минути за да го прикаже својот потенцијал.

„Моите амбиции се совпаднаа со Пелистер. Во Битола се работи добро, се надевам на голема минутажа. Тоа е она што ми треба во моментов. Имав стресен период во Елверум, моето семејство исто така. Сакав што побрзо да заврши мојот претстој таму, сакав да ја сменам средината. Во странство сум речиси 11 години. Некако сакав да бидам на Балканот, да го почувствувам тој менталитет и тука се чувствувам одлично“.

Србинот вели дека играњето во Лигата на шампионите не бил пресуден фактор да потпише за Еурофарм Пелистер.

„Тоа не беше пресудно, но е многу важно. Лигата на шампионите е најсилното натпреварување во светот, сите сакаат да играат таму. Тоа ќе биде мојата втора последователна сезона во европската елита. Групата е силна, ќе биде преполна салата во Битола на секој меч, секогаш е убаво да се игра во таква средина. Претходно играв во Битола кога клубот се викаше Еурофарм Работник”.

Српскиот репрезентативец на Еурофарм Пелистер гледа како најстабилниот клуб во екс-ју земјите.

„Морам да докажам дека можам да играм на високо ниво. Не успеав во Тулуз поради моите грешки, во Елверум многу работи се случија. Не ми требаше дополнително време да се адаптирам во Битола. Еурофарм Пелистер е најстабилниот клуб на Балканот. Засега се е супер“.

Младиот ракометар освен за Елверум, во својата кариера настапуваше и за Тулуз од Франција и Татабања и Веспрем од Унгарија.