Еурофарм го склопува играчкиот мозаик – останува и Милан Ѓукиќ

По ангажманот на Марио Танкоски, Еурофарм Пелистер продолжува со продолжувањето на договорите на играчите од минатата сезона.

Откако босанското трио Марин Вегар, Елмир Граџан и Невен Стјепановиќ, се обврзаа на нова верност од една година, истото го стори и српскиот интернационалец Милан Ѓукиќ, кој се обврза дека ќе остане во Битола уште две сезони.

Десното крило мина две години во Битола, на секој дуел е меѓу најдобрите стрелци и логично беше клубот да му понуди нова соработка. Црногорецот Мирко Радовиќ има договор, па така десната крилна позиција останува иста од ланската сезона.

Од битолскиот тим досега заминаа Ловро Јотиќ, Владислав Остроушко и Олександр Шевелев.