Есбјерг до крајот на сезоната ќе патува со приватен авион

Екипата на Есбјерг од Данска до крајот на сезоната на гостувањата во Лигата на шампионите ќе патува со приватен авион.

Ваквиот чекор беше направен со цел да се скратат долгите патувања и ракометарките да можат целосно да бидат концентрирани за важните двобои од најквалитетното европско натпреварување, но и да бидат одморени за натпреварите од данскиот шампионат.

Тренерот на Есбјерг, Јеспер Јенсен, за клупската страна на данскиот клуб изјави дека патувањето со приватен авион има големо значење за неговиот тим.

„Ваквото патување има големо значење за натпреварите на далечни дестинации, но гигантско значење за сезоната. Патувањето во Русија чини труд, а четири дена подоцна имаме патување за Копенхаген. Да игравме во главниот град по 24 часовно патување од Ростов, шансите за победа ќе беа значително помали, па затоа има големо значење за тимот“.

Приватниот авион бил обезбеден со помош на 17 локални спонзори кои го спонзорираат клубот.