“Ер Сара” леташе во Москва – ЦСКА си тера по старо

Репрезентативката на Македонија, Сара Ристовска заедно со екипата на ЦСКА Москва ја забележаа третата победа во плеј-оф фазата во рускиот шампионат.

ЦСКА Москва на свој терен славеше против поранешниот европски првак Звенигород, со резултат 29:24 (14:12).

Капитенот на македонската репрезентација повторно одигра одличен натпревар, на теренот мина речиси 40 минути и во мрежата на гостинот реализираше шест пати од седум обиди.

ЦСКА Москва сега има 54 бода на првата позиција пред најблискиот конкурент Ростов Дон, кој денес ремизираше против Тољати (29:29) и на свое конто има 42 бода, додека на 3. позиција се наоѓа некогашниот учесник во Лигата на шампионите, Астраханочка со 42 бода.

Ристовска и колешките во следното коло ќе гостуваат кај незгодната екипа на Тољати.