ЕП 2026 година ќе се игра во Романија!

Романскиот „Про Спорт“ објави дека Романија ќе биде домаќин на сениорското Европското првенство во 2026 година.

Откако ЕХФ и ја одзема организацијата на Русија, веќе станува јасно дека Романија ќе ги собере најдобрите 24 селекции од Европа во 2026 година.

ЕХФ го чека уште писмото со гаранции од романската Влада и од државната спортска агенција за да ја официјализира оваа информација.

Претходно Романија сакаше да биде дел од организацијата на ЕП 2024, но тогаш не успеа бидејќи Унгарија, Австрија и Швајцарија ќе го организираат следниот континентален собир.

Според „Про Спорт“, домаќини на ЕП ќе бидат следните градови – Букурешт, Орадеа, Клуж, Бистрица, Турда, Питешти и Миовени.