Ел Тајер не доаѓа во Скопје, но Вардар има нов голман!

Египетскиот репрезентативен голман Мохамед Ел Тајер нема да дојде во Вардар следната сезона.

Иако македонскиот тим му го испратил договорот уште одамна, сепак тој не е потпишан, па Вардар веќе ангажираше нов голман.

Станува збор за чуварот на мрежата од Кувајт, Али Сафар, кој мина пробен период во Скопје од неколку дена.

Тој беше избран за најдобар голман на Азискиот клупски шампионат, а покрај Сафар, на голот на Вардар за следната сезона ќе бидат Мартин Томовски, Борко Ристовски и Васил Гогов.