Екс член на Еурофарм Пелистер се сели во Романија – Марин Вегар потпиша за Констанца

Поранешниот ракометар на Еурофарм Пелистер, Марин Вегар, од летово ќе има нов предизвик во кариерата.

Босанскиот лев бек и специјалист за игра во одбрана поптиша за романскиот тим Констанца, каде што тренер е екс тренерот на битолчани, Ѓорѓе Чирковиќ.

Вегар во Битола беше две сезони, но не остави некој особен впечаток и подолго време беше надвор од терените.

Потписот за Констанца значи камбек во Романија за 31-годишниот боснаски репрезентативец, откако пред да дојде во Битола, го носеше дресот на Стеауа.