Екс тренер на Вардар и ЖРК Вардар останува на кормилото на Мешков Брест

Некогашниот спортски директор и тренер на Вардар, Едуард Кокшаров, останува на  кормилото на белорускиот шампион Мешков Брест.

Раководството на клубот го продолжи договорот со рускиот тренер и му ја даде довербата за новата натпреварувачка сезона.

Кокшаров работеше во машкиот и женскиот клуб на Вардар, беше селектор на Русија на СП 2019 и ЕП 2020, а минатата година, по двегодишна пауза, му се врати на ракометот и беше предводник на Ростов Дон.

Како што е познато, тимот на Мешков Брест и во следната сезона ќе игра само во домашниот шампионат.

Европската ракометна федерација (ЕХФ) минатата година ги суспендираше клубовите од Белорусија и Русија, како репрезентациите од овие две земји поради ситуацијата во Украина.