Екс-селектор на Македонија освои трофеј во Саудиска Арабија (ФОТО)

Стратегот од Македонија кој до пред неколку месеци беше селектор на сите репрезентации денеска го освои првиот трофеј на неговиот ангажман во Саудиска Арабија откако со тимот на Ал Мадар дојде до победа од 22:21 против Ал Нор во Супер купот на оваа земја.

Данило Брестовац во Македонија не успеа да дојде до трофеј како тренер на Металург, тим со кој имаше серија на порази, а со сениорската репрезентација на Македонија имаше 15. место на Европското првенство во 2020 година и 23. место на Мундијалот годинава кога Македонија учествуваше после добивањето на вајлд-карта откако неколку репрезентации се откажаа.

Како селектор на Македонија тој имаше еден трофеј и на тоа на ЕХФ шампионатот за младинци во Скопје во 2018 година. Сепак, тоа прво место не донесе влез во Топ 16 бидејќи правилата беа изменети.

После останувањето без ангажман во националниот тим после лошите игри во Египет, Брестовац беше без ангажман до заминувањето во Саудиска Арабија каде што успеа да освои пехар и да најави добра сезона со тимот на Ал Мадар кој е минатогодишен освојувач на пехарот во Купот.