Екс ракометар на Тиквеш се врати во својата татковина

Поранешниот ракометар на Тиквеш, Душан Медиќ, реши да се врати во својата татковина и да ги засили редовите на Врање.

Искусниот ракометар, кој настапува на позицијата среден бек, во претходната сезона играше во Турција.

Медиќ потекнува од составот на Апатин, а освен за Тиквеш, играше и за Металопластика Шабац, Спартак Војпут, Слога Пожега, унгарскиот Сашаломбати и Поатје од Франција.

Освен Медиќ, раководството на Врање ангажираше уште неколку ракометари кои треба да му помогнат на тимот да оствари подобри резултати во иднина.

Станува збор за некогашниот член на Војводина, левиот бек Милан Буњевчевиќ, голманот Александар Гашиќ, левото крило Алекса Максиќ, како и довчерашниот член на Диомидис, Данило Живковиќ.