Екс ракометар на Пелистер ќе има нов предизвик, замина од унгарскиот Орошази

Поранешниот член на Прилеп и Пелистер, Теимураз Орјоникидзе, од следната сезона ќе има нов предизвик.

На грузискиот репрезентативен лев бек не му беше продолжена соработката со унгарскиот тим Орошази, па ќе мора да си бара нов клуб.

Како и во Македонија, така и во Унгарија, Орјоникидзе беше меѓу најдобрите стрелци во лигата и во прекинатата сезона даде 59 погодоци на 14 натпревари.

Откако замина од Пелистер, Грузиецот уште го носеше и дресот на унгарскиот Ференцварош, но и таму се задржа само една сезона.