Екс ракометар на Пелистер ќе игра во Втората лига на Хрватска

Поранешниот пивотмен на битолски Пелистер, Мошен Карамиан, се враќа во Европа и ќе игра во Хрватска.

Иранскиот репрезентативец, кој во Битола мина една полусезона и не се изнаигра којзнае колку, потпиша за хрватскиот второлигаш Бјеловар.

Карамиан има 25 години и беше дел од кадетската и младинската селекција, а сега е член на сениорската.

Тој дојде во Македонија на стартот на сезоната 2018/19, но кога во клубот дојде Јошко Петковиќ, следуваше отказ.

По заминувањето од Битола, Карамиан настапуваше за катарскиот тим Ал Рајан.