Екс ракометар на Бутел Скопје се сели во Полска

Екс ракометарот на Бутел Скопје и Пелистер, кружниот напаѓач, Вељко Давидовиќ, повторно ќе има интернационален предизвик, откако реши да се пресели во Полска, поточно во суперлигашот Вибжеже Гдањск.

Давидовиќ во минатата сезона настапуваше за екипата на Раднички од Крагуевац и на 26 одиграни натпревари во српскиот шампионат постигна 110 погодоци.

Во својата кариера го носеше дресот и на Младост Чачак, Пролетер, Ланцароте, Слога Пожега, Бидасоа Ирун, Нови Пазар…

Екипата на Вибжеже Гдањск во минатата сезона заврши на 11. позиција во најквалитетното натпреварување во Полска, со што избори опстанок за следната сезона, односно го задржа суперлигашкиот статус.