Екс голман на Вардар ќе брани во српската Втора лига

Некогашниот голман на Вардар, Владимир Абаџиќ, во новата сезона ќе ги брани боите на Југовиќ Каќ.

Абаџиќ, кој одигра сосема солидна сезона во „црвено-црниот“ тим, 2011/2012, во времето на Веселин Вујовиќ, ќе се обиде да му помогне на Југовиќ да се врати во елитната конкуренција.

Тој беше главна фигура на голот на Вардар, кога Борко Ристовски замина во Гумерсбах, и заедно со Градимир Чаневски го сочинуваа голманското дуо таа сезона.

Поранешниот голман на Таркет Бачка Паланка, Војводина, Партизан, кој беше и прогласен за најдобар во Србија во 2008 година, по заминувањето од Вардар, бранеше во Шведска, пред да се врати во северниот сосед пред неколку години.