Екс вардарката повторно активна – Маја Сокач му се враќа на ракометот

Некогашното лево крило на Вардар, Маја Сокач, своевремено позната по презимето Зебиќ, се враќа на ракометните терени.

Сокач, која по заминувањето од Македонија се пресели во турскиот Јенимале, по што паузираше од ракометот. Сепак таа се приклучи на тренинзите на хрватскиот првак Подравка и потпиша договор до крајот на сезона.

„Среќна сум поради оваа понуда која ми значи многу. Имав пауза и не верував дека некогаш ќе се вратам, но нешто ме влечеше кон теренот и срцето одлучи. Се враќам на мојата голема љубов и сакам да им се заблагодарам на сите во Подравка за довербата“, вели Сокач.

38-годишната ракометарка потекнува од тимот на Бродомеркур Сплит, играше за Локомотива и Подравка до 2011 пред да се пресели во шпанскиот Ичако. Потоа беше дел од српскиот Зајечар, а од 2014 до 2016 година го носеше дресот на Вардар.