Екс вардарката пак ќе игра со Ристовска – Цвијиќ потпиша за ЦСКА Москва (ФОТО)

Поранешната ракометарка на Вардар, Драгана Цвијиќ, реши да го напушти Крим Меркатор и својата кариера да ја продолжи во ЦСКА Москва. Амбициозната екипа на ЦСКА Москва во минатата сезона во Лигата на шампионите стигна до Ф4 турнирот во Будимпешта.

Во ЦСКА Москва, Цвијиќ ќе игра заедно со репрезентативката на Македонија, Сара Ристовска. Двете ракометарки играа заедно во екипата на Вардар.

Србинката веќе пристигна во Москва и ќе има доволно време за адаптација пред почетокот на натпреварите од шампионатот на Русија и силните дуели од Лигата на шампионите.

Искусниот пикер во својата кариера настапуваше за екипите на Црвена Звезда, Будуќност, Вардар, ЧСМ Букурешт и Крим Меркатор. Дресот на Вардар го носеше една сезона, 2017/2018. Со црногорскиот шампион, Будуќност двапати ја освои Лигата на шампионите.

Оваа година заедно со Андреа Лекиќ донесоа одлука да се повлечат од репрезентативниот дрес на Србија и во иднина да останат посветени само на клупски настапи.