Екс-вардарката, Лакрабер стави крај на репрезентативната кариера

Ракометарката која во својата кариера има настапи за Вардар, десниот бек Александра Лакрабер го официјализираше своето пензионирање од настапите во репрезентацијата на Франција.

Лакрабер со ова одлучи на залезот од кариерата да се посвети на настапите на клупски план.

Таа освои сè што можеше да се освои со репрезентацијата на Франција. Освои злато на Олимписките игри во Токио и сребро во 2016 година во Рио. На Мундијалот во 2017 и ЕП во 2018 година исто така беше сребрена.

Во редовите на Шамбри исто така бележи добри настапи, а во декември ќе добие можност за одмор бидејќи нема да биде на терен со оглед на тоа што нема да игра ниту за Франција.

Ова значи дека Оливие Крумбхолц остана без една искусна ракометарка за Светското првенство во Шпанија кое почнува на 1 декември.