Екс вардарецот Тоскиќ ја продолжува двојната улога во Чурго

Поранешниот пикер на Вардар и репрезентативец на Србија, Алем Тоскиќ кој откако замина од Вардар во Горење, потоа многу брзо се пресели во Унгарија. Во екипата на Чурго најпрво започна како играч, но потоа стана и играч тренер.

Раководството на клубот е задоволно од работата на Тоскиќ како помошник тренер и договорот за соработка беше продолжен на уште една година. Тој ќе продолжи да му помага на тренерот Норберт Барани и во нарендата сезона.

Алем Тоскиќ има 38 години и богата играчка кариера, со Вардар во 2014 година беше победник во СЕХА лигата и македонски шампион, со Целје исто така беше шампион на Словенија.

За репрезентацијaта на Србија има одиграно 147 натпревари, најголем успех е сребрениот медал на домашниот Европски шампионат во 2012 година.