Екс-вардарецот се пофали – Сиудад де Логроњо го претстави Пелко (ФОТО)

Ракометарот кој една година го носеше дресот на Вардар, Домен Сикошек Пелко ги напушти редовите на „црвено-црните“, а во новата сезона ќе го носи дресот на екипа од Асобал лигата.

Нов клуб на Пелко е Сиудад де Логроњо, а оваа екипа веќе го претстави ракометарот кој би требало да биде засилување и за нападот и за одбраната на клубот.

Во Вардар, Пелко не се наигра, со оглед на тоа што беше редовно во сенка на Стоилов и Калараш, а останува да се види дали ќе добие поголема шанса за играње во клубот од Шпанија.

Се работи за играч кој е од Словенија, а е висок 203 сантиметри и тежок 120 килограми, па во моментов претставува еден од најкорпулентните пивоти во Европа.