Екс вардарецот Горпишин има нов клуб

Екс ракометарот на Вардар, Сергеј Горпишин, ќе има нов клуб во новата сезона, но ќе остане во Германија.

Кружниот напаѓач откако изминатата сезона се врати во редовите на Лудвигсхафен, за следната сезона одлучи да ја промени клупската средина и потпиша за Постдам.

Новиот клуб на Горпишин сезоната во Втората Бундес лига ја заврши на 7. позиција, имаше биланс од 20 победи, четири нерешени средби и 14 порази.

Покрај за Вардар, ЦСКА Москва и Лудвигсхафен, Горпишин беше на два пати дел од Ерланген, како и Римпар и Спринге.