Екс бомбардерот на Металург има нов клуб: Жарко Марковиќ три години во Ал Гарафа!

Поранешниот десен бек на Металург, Жарко Марковиќ, во новата сезона ќе има нов предизвик во богатата кариера.

37-годишниот Црногорец со катарски пасош потпиша договор на три сезони со тимот на Ал Гарафа и ќе ги брани боите на овој клуб до 2026 година.

Марковиќ освен во тимот од Автокоманда, играше за унгарскиот Веспрем, германските Гепинген и Хамбург, како и хрватскиот Загреб.

Тој одамна настапува за репрезентацијата на Катар, а во оваа земја смени многу клубови – играше за Ал Рајан, Ал Араби, Aл Духаил…