Една судиска двојка отпадна од ЕП поради повреда, веднаш најдена замена

На Европското првенство во Австрија, Норвешка и Шведска на терените ќе се најдат дури 23 различни судиски двојки со оглед на тоа што првпат на еден ваков шампионат ќе има дури 24 селекции од стариот континент.

Сепак, една двојка мораше да отпадне. Ненад Николиќ и Душан Стојковиќ го откажаа своето учество поради повреда. Николиќ се повреди во октомври, а заздравувањето не одеше според план и затоа со својот партнер мораа да се повлечат од овој шампионат.

На нивно место веднаш се делегирани Зигмар Сондорс и Ренар Лицис од Летонија, кои ќе почнат со делење на правдата уште во прелиминарната рунда.

Инаку, 11 судиски двојки ќе ја делат правдарта во првиот круг на шампионатот, а седум ќе бидат дел во вториот. За завршната фаза на терените ќе се појават уште пет судиски двојки.