Една од најдобрите светски ракометарки е позитивна: Кристина Неагу има коронавирус

Една од најдобрите светски ракометарки, левиот бек Кристина Неагу е позитивна на коронавирус!

Како што пишува романскиот „ГСП“, изминатиот викенд таа се пожалила на покачена температура, и веднаш се тестирала.

Тестот бил позитивен, а Неагу веднаш се изолирала и немала контакт со ниту една од клупските колешки со оглед на тоа што беше репрезентативна пауза.

Останува нејасно дали романскиот тим ќе го одигра дуелот со Кристијансанд во Норвешка, но доколку сите останатите ракометарки на ЧСМ Букурешт се негативни, не би требало да има никакви проблеми.