Една од најголемите шведски ѕвезди на скара и шопска во ресторан „Македонија“ (ФОТО)

Репрезентативецот на Шведска и ракометар на Фленсбург, Хампус Ване остана импресиониран од македонските специјалитети од ресторанот „Македонија“.

Швеѓанецот се пофали на социјалните мрежи за посетата во овој ресторан и уживаше во скара и шопска салата.

„Неверојатно, како и секогаш“, напиша Ване на Инстаграм.

Тој имаше многу обврски и набиена агенда и со шведската  репрезентација и со тимот на Фленсбург, па посетата на „Македонија“ сигурно му дојде добро.