Еден странец помалку во Охрид – заврши македонската авантура за Грузиецот Цителишвили

Тимот на Охрид следната сезона нема да смета на грузискиот репрезентативец Лексо Цителишвили.

Отсуството на левиот бек нема многу да се почувствува со оглед на тоа што тренерот Раде Стојановиќ го има Мартин Манасков на таа позиција, плус се очекува и засилување од странство.

Договорот на Цителишвили истече на крајот на сезонава, а тој најавил дека не планира да се враќа во Македонија.

Грузискиот лев бек претходно настапуваше и за тимот на Струга.