Еден од најдобрите швајцарски репрезенативци ќе ја заврши кариерата на 31 година

Швајцарскиот репрезентативец Ник Томинец објави дека ќе ја заврши кариерата по крајот на оваа сезона.

Десното крило, кое има хрватско-словенечки корени и беше своевремено дел и од младите селекции на Хрватска, има 31 година, а долго време настапува за Кадетен Шафхаузен.

„За жал, последните неколку месеци сфатив дека дојде време да кажам крај. Тоа е одлука донесена поради мојата физичка состојба и проблемите со здравјето“, вели Томинец.

Тој настапува во швајцарското првенство од 2011/12. За тоа време постигна повеќе од 600 погодоци. Томинец пет пати стана првак на Швајцарија, има два трофеи во Купот и седум во Суперкупот.