Двајца ракометари на излезна врата од Порто

Според пишувањата на португалските медиуми, левиот бек Педро Круз и левото крило Мигел Алвеш, би можеле да го го напуштат Порто.

Искусниот Педро Круз, кој осум пати беше најдобар стрелец во шампионатот на Португалија, а минатата сезона даде 14 погодоци во Лигата на шампионите, најверојатно ќе се врати во тимот на Агуаш Санташ, клуб во кој мина 12 сезони од својата кариера.

Круз во дресот на Порто настапува од сезона 2021/22 и во двете сезони постигна 93 погодоци за актуелниот шампион на Португалија.

Десното крило Мигел Алвеш исто така бу требало да биде ново засилување во Агуаш Санташ, но таму би одел на позајмица, со оглед на тоа дека има важечки договор со тимот на Порто.

Како што е веќе познато, од клубот на Никола Митревски си замина голманот Себастијан Фрадсен.