Еден од главните ривали на Вардар се засили – Елверум потпиша со Арон Палсон

Еден од главните ривали на Вардар во борбата за втората фаза од Лигата на шампионите, норвешки Елверум се засилува со 25-годишниот Арон Палсон.

Елверум на својата официјална страна објави дека потпишале едногодишен договор со Исланѓанецот кој по завршувањето на актуелната сезона ќе се приклучи на тимот од Норвешка.

Претходно Елеверум го продолжи договорот и со 21-годишниот Тобијас Грендал кој според новиот договор ќе остане во клубот до летото во 2024 година. Норвежаните потпишаа договор и со Урош Борзанс, додека Ерик Јохансон кариерата најверојатно ќе ја продолжи во Кил.

На табелата во Лигата на шампионите во овој момент Елверум има осум бода, еден повеќе од Вардар, меѓутоа со натпревар помалку од црвено-црните. Денеска го игра својот натпревар од 11. коло против составот на Кил на домашен терен.